2win800x200

Висока излезност во Битола, редици со дистанца за гласање, до 11 часот гласале 16,91 процент

Јули 15, 2020

 

 

Висока излезност до 10 часот на гласачите во Битола. Според ДИК, гласале 14,54 проценти од вкупниот број гласачи на избирачкиот список во оваа општина.

Пред повеќето избирачки места, во дворовите или ходниците, во Битола граѓаните чекаат во редици на дистанца за да го остварат своето гласачко парво. Од повеќето избирачките одбори велат дека толку голем одзив во претпладневните часови не се памети во однос на претходните избори. До 9 часот на одредени избирачки места излезноста беше и до 17 проценти.

„Празник за земјава и треба овие избори да се демократски и праведни и сите на гласање да излеземе. Гласањето е според протоколите, се почитуваат мерките препорачни од здравствените власти, мислам дека денот ќе биде успешен“, вели битолчанката Даница Петличкова.petlickova

glasac 2

Зоран Ѓуровиќ заменик претседател на избирачки одбор на избирачко место 73 во Завод и музеј во Битола вели дека и претходно бил вклучен во изборни процеси, но толкава голема излезност немало претпладне како до сега.

„На избирачкото место 73 во Битола и излезноста е доста голема. Од 1007 гласачи, до овој момент излезени се околу 160, околу 15 до 16 проценти. Досега немало ваква излезност, споредена со претходните пати е многу голема. Досега имаме најголема излезност во однос на претходни избори. Проблеми нема , сите гласачи се предржуваат кон протоколите, доаѓаат со маски, држат дистанца и во апсолутен ред минува гласањето“, рече Ѓуровиќ.yoran

Според Елизабета Велјановска заменик претседател на избирачкото место 74, до 9 часот гласале 70 гласачи од 468, што е повеќе од 10 проценти изелзност

Раздвижено беше и на гласачките места во Библиотеката во Битола. .

„ На избирачко место 79 , 686 гласачи запишани, досега гласано 102 што е добар одзив во споредба со претходните избори, се спроведуваат сите мерки за заштита од КОВИД -19 . Околу 16 проценти Во услови на пандемија неочекувано добра излезност до сега. Во просторијата можат да влезат само 2 гласачи, пред гласањето и потоа си ги дезинфицираат рацете, просторијата се проветрува, се држи дистанца надвор. Дојде само еден гласач и му беше дадена маска“, рече Марија Налбанти потпретседател на избирчки одборnalbanti.

Во Битола гласаат 81488 гласачи на 169 гласачки места. Гласањето тече без проблеми.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани