АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Центарот за култура Битола се подготвува за фестивалот „Илинденски денови“, но оваа година поради корона кризата најголем дел од содржините ќе се одржат онлајн, иако се предвидени изложби и други содржини во Битола, највува директорката Маја Андоновска Илијевски.Фестивалот годинава слави голем јубилеј 50 години постоење.
-Најстариот фестивал во Битола Републичкиот Фестивал на народни песни и игри Илинденски денови, има јубилеј. Во изминатите 50 години се запишал во мемоарите на битолчани со своето дефиле, фестивалски вечери, концерти, работилници, семинар и гости од целиот свет. Оваа година, гостите кои ќе го претвореа нашиот град во шарена фолклорна разгледница ќе ги гледаме во делот на онлajн фестивал, кој го подготвуваме во соработка со Интернационалниот совет на фолклорни фестивали ЦИОФФ, најавува Андоновска Илијевски.
По сите протоколи и со сите заштитни мерки, оваа година фестивалот ќе реализира 4 изложби во Центарот за култура Битола, во Магазата и салата за изложби во Завод и Музеј Битола,ќе има и саем на книга инспириран од фолклорни мотиви во пишаниот збор, етно филмови на отворено, стручно научен собир на тема " Академски такт за фолклорот и етнологијата '', како и семинар кој исто така ќе биде онлајн, детска ликовна работилница - онлајн, и 4 концертни вокално инструментални вечери на отворено во Пациото на Завод и Музеј Битола.
-Новото време и ситуацијата со Ковид- 19 ги погоди и фолклорните друштва од нашата земја но и цел свет, а ние со симболичното одбележување на овој голем фестивал, го правиме тоа и во нивна чест, вели директораката Андоновска Илијевски.