АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во општините Битола, Ресен и Новаци на парламентраните избори што се одржаа во средата расположението на гласачкото тело беше повеќе наклонето кон Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, а во Могила и Демир Хисар за ВМРО-ДПМНЕ и колиционите партнери, покажаа резултатите од ДИК.
Така, во Битола Коалицијата „Можеме“ освои 1104 гласови повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. За Коалицијата на СДСМ гласаа 19 605 гласачи (44,49проценти), а за ВМРО-ДПМНЕ 18 501 (41,99 проценти).
Во соседната општина Новаци исто така води СДСМ со 50 гласови повеќе од продивкандидатите од ВМРО-ДПМНЕ. Таму за Коалицијата „Можеме“ гласале 992 гласачи (48,41процент), а за ВМРО-ДПМНЕ 942 (45,92 проценти).
Во Ресен разликата во гласови е 987 во полза на СДСМ. За „Можеме“ гласале 3830 гласачи (47,92 проценти) од ресенската општина, а за Колаицијата „Обнова на Македонија“ 2843 (35,57 проценти).
Во Могила гласачите беа повеќе наклонети кон Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и за нив гласаа 1822 гласачи или 54,19 проценти, а за СДСМ 1375 гласачи или 40,91 процент. Разликата во гласови е 447.
И во Демир Хисар слично расположение на гласачкото тело само што таму разликата е помала и изнесува 173 гласови. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ предничи пред „Можеме“ со 2282 гласови (48,87 проценти), а за СДСМ со коалиционите партнери гласа 2109 гласачи.