2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Фондот за пензиско ги има доставено податоците за пензионерите до банките и тарансакциска сметка се отвора без да се бара потврда од Фондот, соопштија од Здружение на пензионери од Битола

Август 19, 2020

Поради големиот интерес на корисниците на пензија, членови на зруженијата на пензионери, како ќе продолжи исплатата на пензиите кои до сега се исплатуваа преку Еуростандард Банка, го даваме следното :

С О О П Ш Т Е Н И Е

 По добиената информација од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, ги известуваме корисниците на пензија дека Фондот до банките кои вршат исплата на пензии ги има доставено потребните податоците за сите пензионери на кои до сега им се исплатуваше пензијата преку Еуростандард банка.

Пензионерот ќе избере банка во која ќе сака во иднина да му се исплатува пензијата,врз основа на негово барање за отворање на трансакциска сметка до банката и со приложување на личната карта, без да оди и бара потврда од Фондот.

Поднесување на барање до банката за отварање на трансакциска сметка пензионерот е должен да го поднесе, најдоцна до 21 август 2020 година, како би можело да обезбеди и понатаму редовна исплата на пензијата.

Доколку барањето за отворање на трансакциска сметка во избраната банка се поднесе после 21.08.2020 година, тоташ исплатата на пензијата ке се изврши во наредниот период.

                    

Сојуз на здруженија на пензионери наСРМакедонија

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани