АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нов еко парк добија битолчани со интересни и креативни содржини за забава, училница на отворено и други пропратни елементи на задоволство на најмладите. Еко центарот е сместен во долниот дел на Градскиот парк и е направен исклучиво од природни материјали. Паркот се реализира од страна на ЈКП „Комуналец“ а на идеја на градоначалничката Наташа Петровска.
-Денеска го промовираме овој еко центар кој дава можност за рекреативни активности на нашите најмали, децата. Има простор и за едукативни активности од областа на екологијата со изведување на еко работилници. Ме радува инвентивноста на ЈКП „Комуналец“ со своите вработени, кои покажаа дека со мнгу малку може да се направи многу, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Еко центарот има голем број содржини а е избработен од исклучиво природни материјали. Изведбата е направена од паднати дрвја во паркот и од камен.
-Со нула трошоци Битола го доби можеби единствениот приороден парк во нашата држава, бидејќи се користени материјали кои се автохтони од самиот парк. Идејата започна со паѓањето на едно големо дрво, кое беше проблематично да се подигни, да се сечи. Се што ни беше на располагање го искористивме многу ефективно. Се надевам дека оваа содржина сите наши сограѓани ќе јачуваме за да ни трае што подолго, рече директорот на ЈКП „Комунаец“ Панде Богоевски.