АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нов лустер, со кристали налик на капки од вода, специјално нарачан од Турција ќе ја краси и осветлува свечената концертна сала во Офицерскиот дом во Битола. Градоначалничката Наташа Петровска открива дека за Офицерски е купен нов балски кристален лустер, а ќе се поставува целосно пропратно осветлувањеа во ист стил. Лустерот ќе биде поставен за неколку дена.
Новиот лустер е со дијаматар од околу 2,5 метри и висина од 3 метри, а од подот до долниот раб на лустерот ќе виси на 5 метри растојание. Основата на лустерот е во месинг, патинирана боја, челична конструкција. На него има кристални елементи во вид на капка и ќе биде на три новоа на палење со лед светилки во внатрешниот дел и 60 т.н чашки во надворешниот дел на лустерот.
Воедно ќе се реставрира и стариот лустер кој се сруши на земја во летото 2016 година. Стариот кристален лустер во 1970-те години беше направен од два други луксузни лустера од Офицерскиот дом во Скопје, кои беа оштетени за време на земјотресот во 1963. Лустерот се сметаше за движно културно богатство на Битола, но во 2016 година пред смената на власта, откако објектот беше препуштен на распаѓање и лустрот се сруши под нерезјаснети околности.
-Реконструкцијата на Офицерскиот дом тече со добра динамика. Деновиве ќе биде поставен новиот лустер набавен од Турција, а секако ќе се реставрира и стариот кој е од исклучително значење, и сега се наоѓа во Битолскиот музеј. Граѓаните на Битола со видео запис по повод 4 Ноември ќе имаат можност да ја видат и внатрешноста на објектот каде реконструкцијата е во тек. Секоја нова фотографија која ја добивам на дневна основа ми дава радост повеќе дека навистина со тој проект правиме нешто добро. Верувам дека битолчани ќе се воодушеват кога ќе влезат во просторот на Офицерски. Со реконструкцијата на Офицерски ќе завршиме голема работа, вели градоначалничката Петровска. Новиот лустер нема да значи натфрлање на предвидените трошоци во проектот за реконструкција и уредување на објектот.