2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолскиот стадион со новата трибина потсетува на сплитски Пољуд

Октомври 16, 2020

Со градбата на новата северна трибина, стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола, според познавачите на фудбалот почна до некаде да наликува на познатиот фудбалски стадион Пољуд во Сплит, домашниот терен на Хајдук. Сличност има во изгледот на нашата северна трибинна со нивната источна и во покривната конструкција, но капацитетот на овој спортски терен во Битола е многу помал. Хрватскиот стадион брои 65 000 седишта, а во Битола според првичните планови презентирани пред неколку години во кои се предвидени поголеми реконструкции,  стадинот ќе треба да има капацитет до 12 000 посетители. Само северната трибина што сега се гради ќе збира 4500 љубители на фудбалот. Изградбата на северната трибина е во напредна фаза, а како што Апла.мк објави и пред три дена поставена е и челичната конструкција од покривот.

„Се врши покривање на кровната конструкција. Се очекува да се заврши до крајот на ноември со кровната конструкција. Паралелно, во подтрибинскот простор на северната трибина се изведуваат градежно-занаетчкисти работи, се малтерисува, се работи на поставување електрична струја“, велат од Општина Битола.

Наскоро ќе започне поставувањето на новите рефлектори. Изградбата на новата трибина на стадионот во Битола чини 5,5 милиони евра и парите се комплетно обезбедени  од Општина Битола.121774691 666259390979112 6120670053311450920 n

121758329 814354359325471 6622328342140079465 n

121740795 773407716551248 2202760216150057348 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани