2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Наставник во битолско училиште позитивен на вирусот, нема ученици во изолација

Октомври 17, 2020

Наставник во битолско училиште е позитивен на КОВИД-19 потврдија за апла.мк од Центарот за јавно здравје. Ова е прв случај на заболен од вирусот меѓу просветните работници во училиштата во Битола по почетокот на учебната година. Од ЦЈЗ велат дека нема ученици во  изолација, затоа што заболениот наставник држел онлајн чаосви, односно немал контакти со учениците. Засега нема информација од кое училиште е наставникот. 

Од Министерството за образование и наука апелираат  до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста.

-Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита, наведуваат од МОН

Досега заболени од КОВИД-19 имаше меѓу вработените во градинките во Битола, поточно два случаи во градинката „Коца Василева“, кои не беа меѓусебно поврзани. Прво, на почетокот на септември,  позитивна на вирусот беше  негувателка, која испрати во изолација 5 деца и 5 колешки, а потоа кон крајот на септември  се зарази и  воспитувачка, поради која во изолација беа 13 деца  и  негувателка  од таа група. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани