
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ќе се реконструира локалниот пат Трново Магарево. Бирото за јавни набавки го објави тендерот за избор на изведувач. Реконструкцијата на патот ќе се изведува во должина од 2 километри.
Во електронскиот систем за јавни набавки е објавен тендерот за избор на изведувач за реконструкција на локалниот пат до селото Трново. Проценетата вредност на овој проект е 24.700.000 денари, информира општината.
Патот ќе се реконструира на потегот од раскрсницата за Ниже Поле, до откупната станица за млеко во селото Трново, односно до делницата до каде што е изработен колекторскиот систем за собирање на отпадните води од домаќинствата и туристичките објекти во селото. Должината на оваа делница е 2009 метри.
Во потегот кај селата Трново-Магарево, веќе е изградена пречистителната станица во вредност од над 9.000.000 денари, а исто така изработен е колекторски систем во должина 2029 метри, чија вредност е 21.879.853 денари. Колекторскиот систем во следните фази ќе ги опфати останатите делови од селата Трново и Магарево.
Со реконструкцијата на овој дел од патот, се заокружува една етапа од вложувањето во овој дел од Потпелистерието, односно од заложбата на оваа локална самоуправа да се добие комплетно поинаква слика во однос на зголемувањето на квалитетот на животната средина. На тој начин во Потпелистерието се отвора потенцијал за уште поголем развој на туризмот.