АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Претеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Дурловски објави дека го напушта Собранието. Дурловски во пратеничките клупи седна како носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица на парламентарни избори што се одржаа годинава. Тој ова го објави вечерва на својот ФБ профил
"Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.
Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам!
Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.
Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба", напиша Дурловски.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3885175754834306&id=100000257599726