АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вандали ја уништиле спомен плочата која се наоѓа на куќата на Блаже Рогозинарот во Битола.
Спомен плочата е пречкртана и испишана со црна боја, па не се чита текстот посветен на овој истакнат припадник на македонското националноослободителното и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна. Од Битолската боречка организација го осудија овој вандалски чин.
"ООна СБМ-Битола најостро го осудува чинот на уништивање на спомен-обележјата, спомен-плочите, спомен-бистите и се што не потсетува на борбата за слобода", се наведува во реакцијата од ОО на Сојуз на борци Битола.
Блаже Димитровски Рогозинаро во 1942 година од бугарските фашистички окупатори е осуден на смрт и обесен во Скопје.
Инаку бистите, спомениците и други обележја од НОБ, се почесто се сквернават и уништуваат. Тие се цел на вандали не само во алејата на Градското шеталиште, туку и на други локации низ градот. Досега не е откриен ниту еден сторотел на ваков вандалски чин