
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Магазинот за хумор и забава „Без Навреда“ овој месец (октомври) одбележува јубилеј, 15 години постоење.
Од печат излезе 106 број на магазинот за хумор и забава „Без навреда“. Опстојувајќи 15 години во македонскиот медиумски простор весникот ги орасположува и насмевнува битолчани, но и преку хумор остроумно и духовито испраќа критики за одредени состојби во општеството. Битолчани привикнаа да примаат доза од вицотеката на уредникот Панде Димитровски и карикатурите на Блаже Докуле, Владо Крстевски, Миле Милевски и други. Двесет и четирите страници изобилуваат со стотина вицеви, афоризми и друг хумор.
Димитровски им се заблагодарува на битолчани за поддршката.
-Искрена благодарност до сите оние што го создаваат и ќе го создаваат магазинот. До сите верни читатели а секако и до нашите верни пријатели и помагатели. Во октомври 1990 ја отворив првата приватна фирма ППС „Феријал“ Битола со две милијарди динари основачки влог. Тешко е приватното цел ден сака да си на нозе. Имало пари! Абе да му го ебам мамето на тој што го измисли, пишува меѓудругото во уводникот Димитровски.