2792 потенцијални добитници на субвенции за инвертер клими, прелиминарната листа ќе биде објавена денес

Октомври 26, 2020

На електронскиот јавен повик, кој за прв пат се одржа во Битола, за субвенционирање на високоефикасни  инвертер клима уреди, аплицираа вкупно 4039 апликанти, од кои, во приоритетната и утврдена зона 1 аплицираа 3332 додека во втората зона аплицираа 707 апликанти.  На прелиминарната листа која ќе се објави во текот на денот, ќе бидат објавени имињата и презимињата на потенцијалните добитници. Во приоритетната и утврдена зона 1, вкупниот број на потенцијални добитници е 2328, додека вкупната бројка  на потенцијални добитници во зона 2 е 464, рече Ангела Ристевска, член на Комисијата за разгледување на барања за субвенционирање на инвертер клими. 

„Најголемиот број на одбиени апликанти е поради неуредна документација. Согласно јавниот повик и правилникот, комисија составена од 15 лица, во изминатиот период работеше на детално разгледување на сите пристигнати апликации. Сите апликанти кои се пријавиле со уредна и комплетна документација, која понатаму ќе биде комплетирана и во хартиена форма, ќе добијат клима уред. Се замолуваат граѓаните, доследно да ги следат насоките кои што ќе бидат дадени на официјалната страна на Општина Битола, за сите наредни етапи од целокупната постапка“, додаде Ристевска.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани