Паркетот од Офицерскиот дом во Битола сега е поставен во новиот изложбен салон во Завод и Музеј Битола.
-Замислете да може да зачекорите во минатото, но сепак да бидете дел од сегашноста на која припаѓате!
Да зачекорите на паркетот од Офицерски, и заедно со нас да пропатувате низ различни времиња, простори и настани.
Привршуваме со опремувањето и осовременувањето на еден нов музејски, изложбен простор во НУ „Завод и музеј“ – Битола, од кој и паркетот ќе биде дел.
Се гледаме наскоро!, објавија од Завод и музеј Битола.
Автентичниот паркет изработен во техника на интарзија кој е во половна состојба, а беше изваден за време на конзерваторско-реставраторските активности во Офицерскиот дом во Битола, се даде на трајно користење на Завод и музеј од Битола. Ваква одлука на последната седница донесе Советот на Општина Битола..