АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Само во Битола 630 лица се во изолација во овој момент, како позитивни на вирусот или пак во изолација поради контакт со лице каде е потврдено присуството на Ковид-19, информираат од СВР Битола за Апла.мк. Сите овие лица се изолирани со цел да не го шират вирусот и да го загрозуваат јавното здравје.
Според портпаролот на СВР-Битола, Сања Стаматова, вкупната бројка на лица кои се во изолација исконтролирани за време на викендот изнесува 1183, од нив повеќе од половината се во Битола 630, потоа 298 во Прилеп, во Ресен 98, во Демир Хисар се 100, во Крушево 31, а во Македонски Брод 27.