АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Проектот за реставрација на црквата „Св. Ѓорги“ во преспанското село Курбиново ќе биде на врвот на проектите што ќе се реализираат од Програмата за културно наследство во опасност, отворена како нова ставка во буџетот на Министерството за култура за следната 2021 година.
„Во рамки на буџетот за култура следната година отвораме нова програма, наречена Културно наследство во опасност за која се издвоерни 12 милиони денари. Во поглед на остварување на приоритетите во заштитата, црквата Св. Ѓорги во Курбиново е на врвот. Како приопритет се наметнува и заштитата на црквата во село Матејче, проблем кој е актуелен веќе 20 години, тука е и конзервацијата на Лешочкиот манастир“, рече министерката за култура Ирена Стефоска на денешната прес конференција посветена на буџетот за културата за 2021 година. .
Ќе започнат и со санацијата на куќата на Лазар Личеноски, како и санации на неколку спомен куќи низ државата, меѓу кои и покривот на куќата на Нијази бег во Ресен , која долго време е Центара за култура .