2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЕКСПЕРТИТЕ ОД ГЕРМАНИЈА ЗА КУРБИНОВО СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ДОЈДАТ ВЕДНАШ, НО ПРОБЛЕМ Е ЦРВЕНАТА ЗОНА, РЕЧЕ СТЕФОСКА

Октомври 08, 2020

Бидејќи државата е во црвена зона поради бројките на заболени од коронавирус, експертите од Германија за заштита на културно наследство кои треба да се вклучат во реставрацијата на црквата во Курбиново, не можат да дојдат веднаш, рече министерката за култура Ирена Стефоска. Но, се прават обиди што е можно поскоро да допатуваат и заедно со домашни екпсерти да се преземат мерки за заштита на црквата. „Св Ѓорги“ од Курбиново е црковен бисер од 12 век и бесценет културно-историски споменик познат и како македонската Мона Лиза по зачуваните фрески во внатрешноста кои датираат од 12 век. Но, со години е оставена на забот на времето и чека реставрација.

Министерката Стефоска на денешната прес конференција најави дека интензивно и максимално вложуваат напори со експерти од земјава и стручна помош од Германија, а натаму и со фондовите на УНЕСКО процесот на конзервација на ова светско културно добро да продолжи и да заврши во најбрз можен разумен рок.

„Правиме напори да видиме како во следниот период специјалистите од Германија веднаш да дојдат. На состанокот со германската амбасадорка и со советничката за култура во Германската амбасада договоривме и конкретни чекори на тема Курбиново. Со двајца врвни германски експерти, уште пред десетина дена, контактиравме, луѓето се подготвени веднаш да дојдат, еден историчар на уметност и еден конзерватор, за да се направи заедно со нивните колеги од Завод и музеј Битола да погледнат во каква состојба е црквата и да се направи акцискиот план. Но, бидејќи ние сме во црвена зона не можат да патуваат и да дојдат веднаш“, рече министерката.

Таа додаде дека Завод и музеј- Битола и Управата за заштита на културното наследство интензивно работата на елаборатот и финансиската конструкција за прогласување на црквата во Курбиново како културно добро во опасност. Со ова надлежната институција од Битола ќе треба да добие помош и поддршка во стручен капацитет, во логистика, финансии за побрзо да тече реставрацијата и конзервацијата на ова светко добро.

„Мора да се импрегнира, на пример вратата не се затвора добро, прозорците мрежа да се стави да не влегуваат животни. Влагата и водата на едно место каде што влегува мора да се санира. Во оваа смисла, Националниот конзерваторски центар веќе неколку дена ја подготвува оваа брза санација за да може црквата да презими зимата“, рече министерката за култура.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани