АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската противпожарна единица синоќа по пријава од МВР изгаснала пет коледарски огнови во Битола и во соседната општина Могила, дозва Апла. Сите интервенции биле пред полноќ, огновите ги изгасниле со помош на шмркови со вода. Не се работело за големи огнови, но по барање на СВР пожарникарите велат дека морале да интервенираат. На социјалните мрежи се појавија и снимки направени од граѓани за време на вчерашното гаснење. Некои коментираат дека се гаснеле божиќни огнови, иако цркавата во повеќе наврати има соопштено дека гозбите и пиењето околу коледарските огнови е во спротивност со начинот на кој верниците треба да ги одбележуваат деновите пред Божиќ.
Вчера во повеќе општини низ земјава беше апелирано да граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и да ги пријават на телефонскиот број 193. Ова со цел да се заштити воздухот од загадување и да се избегне групирање на лица поради пандемијата со коронавирусот.
Инаку, во Битола коледарски огнови се палеа од дамнина и во најсуровите зими, кога температурата паѓала и 30 степени под нулата. Коледарскиот оган за битолчани претставуваше и социјален настан за дружба меѓу луѓето. Огнот на едно место ги собираше и зближуваше соседите, роднините и пријателите.