2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Божикно послание на владиката Петар-Со сексуалното образованието на младите им се отвораат вратите кон разврат

Јануари 06, 2021

Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Петар во своето Божикно послание ги критикува најавените реформи во образованието каде, како што вели, се омаловажува минатото, историја и се тргува со ликот и делото на нашите просветители.

-Во таканаречените реформи во образованието се става акцент на иднината, а истовремено се омаловажува минатото, историјата. Наводно, треба да се зајакнува писменоста, а истовремено се компромитира, се деградира, па и се тргува со Македонските цареви, како и со ликот и делото на Светите Браќа Кирил и Методиј, кои ни ја дале писменоста, со Свети Климент и Свети Наум Охридски, кои ни ја утврдиле писменоста, со Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески, кои ни ја запечатиле писменоста. Се нагласува образовната компонента, а истовремено се истиснува воспитната. Па нели училиштето е воспитно-образовна институција!? Каде е тука воспитанието на децата?! Ако сакаат да создадат исклучиво обучени луѓе, кои ќе газат преку лешеви, за да дојдат до својата кариерна цел, тогаш можеби и се на добар пат, стои во Божикното послание на владиката Петар порачувајќи

-Ние постојано им даваме и ќе им даваме благослов на нашите деца во училиштето да ги изучуваат природните науки и историјата како посебен предмет, но, доколку сакаме целосно да зреат, покрај образование да им овозможиме и воспитание.

Митрополитот Петар се осврнува и на воведувањето на сексуално образование, каде според него се крие индоктринизација на младите, под палките на ЛГБТ заедницата.

-Веднаш ќе кажеме дека тоа се коси со христијанските и воопшто верските морални принципи, дотолку што, 99% од мнозинството на народот во Македонија припаѓа на некоја верска заедница, а доминантна е Православната Вера, и во голем процент е Муслиманската. А со оглед на тоа, дека под изговорот (маската) на сексуална едукација, понатаму, ќе се крие индоктринизација на младите, под палките на ЛГБТ заедницата, тогаш со тоа сексуално образование на младите ќе им се отворат вратите кон развратот, кон разни психички растројства и хаосни состојби, со тоа што противприродните односи на хомосексуалците, лезбејките и сите перверзни типови, ќе се третираат како природни, а изопаченоста како нормалност, стои во посланието.

Владиката Петар критикува и за  изборот во образовниот процес да се воведе и јогата.

-Апсурд! Своевремено, се дигаа големи прашини и негодувања за веронауката, па потоа беше и укината. А сега, кога се воведува јогата, која всушност е една врста т.н. источна религија, поточно квази религија, медитација, во време кога немаме веронаука, се врши апсолутен терор и агресија врз мнозинството верен Православен и друг народ во нашата земја. И овој пат, никој не реагира за тоа!

Митрополитот Петар се осврнува и на состојбата со Ковид-19 каде ги критикува веселбите поради изборни победи.

-За жал, се чини дека не извлековме и не извлекуваме поука од опасноста на смртоносниот Ковид 19 вирус. Покажавме дека сме крајно несериозни и неодговорни, почнувајќи од најповиканите до последните. Жалосен е фактот дека, додека едни страдаат и се борат за опстој на телесниот и душевниот живот, а со нив страдаат и нивните најблиски, особено на оние околу 2500 починати, а другите наместо да сочувствуваат, доколку не можат да сосрадуваат со страдалниците, се оддаваат на разврат, пијанство, дрога, журки, веселби поради изборни победи, се вели во Божикното послание на владиката Петар. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани