АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска, извршија увид во теренските активности на поставувањето на објектите од Модуларнот ковид центар во Битола.
„Работите се во тек, се започа со поставување и монтажа. Следува опремување со мебел и апарати. Паралелно течат и подготовките за поставуање на централен довод на кислород. Со модуларната болница во догледно време ќе имаме подобри услови за лекување на пацинетите и за работа на медицинскиот кадар. Модуларната болница, опремата и апаратурата трајно ќе останат во Битола за потребите на пацинетите од нашиот град и регионот“, рече директорката Билјана Гагачовска.
Во предвидениот рок од три недели, Општина Битола и битолските јавни претпријатија беа активно вклучени во расчистување и рамнење на теренот, по што беше поставен канализационен и водоводен систем од страна на КЈП „Нискоградба“ и ЈКП „Водовод“. На овие активности им претходеше вонредната седница на Советот на Општина Битола, одржана на иницијатива на градоначалничката Петровска, на која едногласно, од страна на советниците, беше донесена Одлука за донација на 40.000 евра од општинскиот буџет во вид на услуги и добра на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола за изградба на модуларна градба за вршење на здравствена дејност – КОВИД центар.
Модуларниот ковид центар во Битола се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола, а се состои од 3 модуларни градби, од кои две наменети за интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.