2win800x200

Старо-нови кадри во новиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Јануари 16, 2021

На чело на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е Пеце Милевски, секретар е Николче Котевски, поранешен советник,  а потпретседатели се Јовица Богоев, екс советник, Горан Исков активист на УМС и поранешен технички секретар  на ОК ВМРО ДПМНЕ, Анета Ѓорѓиевска, потпретседател на Унија на жени Битола и Горан Атанасовски. Денес беше одржан првиот состанок на новиот општински комитет, а во посета на ОК ВМРО ДПМНЕ беше генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски и организациониот секретар Никола Затуроски.

Членови на новиот општински комитет се: пратеничката Силвана Ангелевска, Марица Тодоровска, претседател на Унија на жени од Битола, Маре Стојменова Мицевска, поранешен директор на Заводот „Кочо Рацин“ од Битола, Зоран Николовски, порнашен директор на Завод и музеј, кардиологот Ненси Лозанче, Бојан Бојкоски кандидат за пратеник на последните парламентарни избори, понатаму Марко Јосифовски, Лидија Павловска, Зоре Ѓорѓиевска, Александар Ивановски, Ангела Домазетовска, Николче Спировски, Никола Јовковски, Николче Масалковски, Гоце Јовановски, Катица Поповска, Соња Петреска и други. Како член на ОК по функција, покрај Силвана Ангелевска, останува и неодамнешниот општински лидер на партијата Иванчо Тошевски, како координатор на советничката група.   

Во партиското соопштение испратено од новиот ОК до медиумите пишува дека сегашната Влада не успеала да ги реализира своите ветувања за Битола од изградба на автопат од Битола за Скопје, гасификација, обнова на Копанки, модерна сообраќајна инфраструктура и друго. Новото локално раководство ветува нови успеси и победи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани