АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Неколку илјади битолчани, но и жители на околните општини денеска го минуваат овој сончев ден на падините на Баба Планина. Во ски центраот Нижеполе со кој стопанисува ЈП Стрежево од Битола, е вистинска навалица. Паркирани возила прават километарска колона до викенд населбата, а рекреативци уживаат на ски терените во Нижеполе.
Од ски центарот „Нижеполе“ велат дека двата ски лифта се во функција, а денеска таму имаат над 3000 посетители.
-И покрај големиот интерес , се трудиме се да функционира во најдобар ред , благодарејќи на нашата редарска служба и одговорноста на посетителите се почитуваат сите протоколи за Ковид 19,велат од таму
„