2win800x200

Битолчанец е приведен за случајот „Јавна соба“

Јануари 28, 2021

 

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица.  
-Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите, потврдува министерот за внатрешни Оливер Спасовски со објава на својот ФБ профил.
 
Скандалозната група „Јавна соба“ по една година повторно оживеа. Откако со месеци, барем привидно, беше запрена активноста на членовите на групата кои јавно шиканираа и објавуваа експлицитни фотографии на малолетни девојчиња, деновиве повторно е разбранувана јавноста, откако дел од жртвите алармираа за нови злоупотреби. Во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“ има повеќе од 6.500 членови и се споделени околу 10.000 фотографии и видеа. МВР истражува кој стои зад групата и ги повикуваат граѓаните да пријават злоупотреби. Тврдат дека наишле на ѕид од страна на „Телеграм“ кои не сакаат да соработуваат за да се сузбие групата. Првата „Јавна соба“ на „Телеграм“ беше откриена лани, па по реакциите во јавноста беше затворена. Досега никој не одговарал за злоупотребата.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани