2win800x200

Како вечерва пред осум години изгоре „Копанки“ -Новинарски извештај од утрото на 29.01.2013 година

Јануари 28, 2021

Жална глетка ги пречекува скијачите и планинарите на Пелистер. Пепелиште остана од култниот планинарски дом „Копанки„ во срцето на националниот парк по силниот пожар што синоќа го изгоре објектот до темел. Причинета е голема материјална штета врз домот кој само што беше реновиран од страна на приватните концесионери. Единствена светла точка во пеколната пелистерска ноќ беше тоа што 15-те гостите во домот на време беа евакуирани, па немаше повредени, освен едно лице кое побара лекарска помош заради вдишен чад.

Новинарските екипи за пожарот дознаа во три часот по почноќ. Некои од нив веднаш се упатија кон Пелистер. Со помош на жичницата без пренесени до Копанки. Горе ги пречека домот во пепелиште. Вистинска спасувачка драма се одвиваше вечерта во планинарскиот дом сместен на 1600 м.н.в. до каде не води асфалтен пат, туку единствено може да се стигне само со жичница и преку ски патеката. Според првичните претспоставки на концесионерите, огнот изби пред полноќ од котелот на парното и за триесетина минути целиот дом беше во пламен.143637019 705461620165889 1411799731491717276 n

-Вечерта имаше гости, се наложи парното, вентилот го затворивме за да тлее и топло да биде подолго време. Пред полноќ беше почувствуван чад на горниот кат, се стрчавме да ги спасуваме гостите. Од кај оџакот, од кај котларата, се запали кровната конструкција. И пожарникарите дојдоа и тие видоа дека од котларата цела работа настана- изјави Благоја Пинзновски, татко на концесионерот.

Дел од гостите беа евакуирани во соседниот хотел „Молика“, оддалечен од Копанки на 30 минути пешачење. Концесионерите и други лица присутни на Пелистер гаснеа со сѐ што им дојде при раце. Бидејќи до домот нема друг пат освен скијачката патека, пожарникарите и спасувачите од Дирекцијата за заштита и спасување со опремата до домот беа превезени со ратрак.143849592 1163111780791237 7713972877452173052 n

-Извршивме мобилизација на тимот за спасување на планина. Гаснеа со протоивпожарни апарати, дел што имаше во домот, дел од хотелот Молика. Се гаснеше до утринските часови и со прирачен алат, со мотики и лопати. Штетата е огромна, во понатамошните дејствија ќе се утврдуваат причините- изјави Димче Јошевски раководител на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

Покрај тоа што изгоре омилениот планирарски дом на битолчани, штетата можеше да биде огромна доколку огнот ја зафатеше моликовата шума оддалечена на десетина метри од објектот.

- Кога стигнавме на терен пожарот беше во поодмината фаза, реагиравме најмногу што можевме. Се обидовме да го   дочуваме огнот да не ги фати боровите и дригите објекти, во непосредна близина е жичницата- изјави Петар Нолев, од тимот за спасување на планина.144180085 878786066305477 9086319064528310680 n

Горењето на „Копанки“ се проценува дека ќе претставува удар за туризмот на Пелистер. Ден пред пожарот во домот беше организирана журка со диџеи и местото го имаа посетено над 200 планинари, туристи и скијачи. Долго време со домот управуваше спортско планинарскиот клуп Пелистер од Битола. Но, поради недостиг на средства за понатамошен развој, објект беше даден на десет годишна концесија на приватници. Тие пак вложија 25 000 евра за реновирање. Концесионерите ветија дека ќе го обноват култниот туристички објект на Пелистер, но апелираа за помош до здруженија и други институции.    

 Планинарите плачат за „Копанки“копанки 8

 

Солзи во очите им навираа на планинарите додека го гледаа пеплосаниот дом што некогаш со свои раце го граделе.

-Изграден беше во 1937 година, но од тогаш до сега три пати се доградуваше. Носевме градежни материјали во ранци, камења се крешеа, се носеа со тезгиња за да се догради домот. Меѓу градителите беше и планинарката Вида Димовска, која сега има 85 години. За тој дом се напишани и повеќе планинарски песни. Чувствуваме како да изгоре срцето на Пелистер- вели планинарсот Петар Ставрев.

Со пожарот на планинарите има се врати стариот филм од пред триесетина години кога исто така изгоре планинарскиот дом на Големо езера, а подоцна беше реконструиран.    

 

На рамо носеле градежен материјал за Домот0

„Нашиот ентузијам тогаш не познаваше граници“, со жар во очите се присетуваат планинарките ветрани. На Пелистер ги пробивале првите планинарски патеки за рекреативен туризам. На плеќи ги носеле и вреќите со градежни материјали за да се подигне планинарски дом „Копанки“.

-Немаше патишта, одевме како по козји патеки, се беше обраснато со папрат, да се качиш на повисоките места не беше лесно. Сепак, не се откажувавме. Горе се најде широко место да се изгради планинарскиот дом Копанки. Градежните материјали ги носевме на коњи и на рамо. Лично јас носев ќерамиди. Носевме по пет ќерамиди и се качувавме низ стрмнините, -вели Пеце Маричо.

Во тоа време немало превоз до планина, па тргнувале уште од ноќи од Битола.

-Од Битола тргнувавме во три часот на утро, со лепче од дома, се искчувавме горе и го градевме домот. Ако беше лето и викенд цела ноќ спиевме на Копанки, па градевме сабота и недела- додава Перко Атансовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани