АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани и во овие услови на пандемија дел од своето слободно време го искористија дружејќи се со книгите од Градската библиотека. Иако ланската година неколку месеци Библиотека не работеше, битолчани тоа го надоместија со зголемување на бројот на нови читатели и со изнајмување на книги во двата оддели. Само ланската година од Библиотеката беа изнајмени над 30 000 книги од сите жанрови. Читателите од секоја категорија се дружеа со жанрот кој нив најмногу им одговара, а установата се потруди да ги исполни барањата и на најпребирливите.
„Секоја посета на нашата библиотека не останува незабележана, па затоа НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година ги наградува најредовните читатели. Секој читател е посебен за нас. Нивната желба за читање на книги од нашата библиотека ние решивме на симболичен начин да ја наградиме“, велат од Градската библиотека.
Добитниците на наградите се поделени во неколку категории и тоа:
Од најмалите читатели па се до највозрасните, во сите категории, најредовните читатели ќе бидат наградени денес,петок, во 11:00 часот во просториите на Библиотекатa.