Webp.net gifmaker

Автомобил излета од патот и пропадна во бара длабока 4 метри, го извлекоа спасувачи и нуркач (фотогалерија)

Февруари 04, 2021
фото: Александар Ацев фото: Александар Ацев

Автомобил излетал од патот и потонал во бара во близина на Туланата на излезот од Битола. За среќа нема поврдени, ниту жртви во оваа  сообраќајна незгода. Сопствениците на возилото за Апла.мк велат дека причината поради која возилото излетало од патот била голомразицата на 14 јануари и несоодветното одржување на патот. Возилото излетало на 14 јануари , а било извлечено денес, откако како што вели сопственикот Васко Јосифовски ургирал и до Владата и во Општините Битола и Могила.

Возилото целосно пропаднало во водата длабока околу 4 метри, а го извлекоа по 22 дена припадниците на Горската спасителна служба на Битола и битолчанецот Александар Ацев, нуркач  од нуркачкиот клуб „Врело“.

„На 14 јануари на минус 17 степени Целзиусови беше голомразица, а местото каде што излета возилото е целосно необезбедено во секаков поглед. Провалијата односно јамата се наоѓа на метар до самиот коловоз, без никаква заштита, на кривина после мовче. И тука и со 20 да возите ќе излетате на вакви услови.Одговоеност за таквата состојба има Македонија пат што не си ја брка работата на време. Правиме муабет за опасно место. На патот нема нити еден знак и не беше третиран од голомразица или снег кога ќе падне да фрлат песок или сол. По час и половина час од излетувањето на возилото дури фрлија песок. Не се работи за неприлагодена брзина туку неодржување на патот“, изјави сопственикот Васко Јосифивски. 

Тој апелира сметот што се наоѓа во близина на Туланата да се префрли од другата страна и да се исполни барата за да не се случуваат вакви незгоди, а исто така и да се обезбеди патот и редовно да се одржува.  

 

146097756 719573995587366 5144930309361666340 n

146139060 169257248035761 6842567423071651208 n

146269197 765663627404420 7127655504895942858 n

146303792 216909493504664 2669109321471413787 n

146321920 1045764585934655 7620102130578802250 n

146332447 1039104946581643 8272707323488925550 n

146356318 427488348488093 5950922992571447013 n

146396693 325581662173049 399757464375140700 n

146459254 709669553053482 7382876541635265696 n

146478763 433546247850533 1632658057338018307 n

146530339 1263428054040796 1207999921223293514 n

146624865 2614461475481044 3245926024881540656 n

146553582 2719885171598356 9173060927061226431 n

146555081 125746626085093 5149760708038721660 n

146663366 2836083453337922 1387925615932704425 n

146689997 213034200514007 5453933682545901063 n

146874499 2865008390401822 3266394978846409959 n

(фотографиите се сопственост на апла.мк. Не е дозволено преземање без согласност на авторот и порталот)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани