АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со паролата "Ретките се многу, ретките се силни, ретките се горди" ООУ "Тодор Ангелески" од Битола се вклучи во кампањата за запознавање на популацијата со ретките болести, а по тој повод училиштето блесна во боите на ретките болести и така ќе блеска следните 28 дена.
-Со осветлување на училниците, училиштето, ќе дадеме мал прдонес во оваа благородна идеја да се продолжи континуитетот на запознавање на општата популација со ретките болести како и да се даде поддршка на лицата кои се борат со ретките дијагнози. Ретки се, но не се сами. Заедно сме посилни и можеме да направиме многу повеќе", изјави Љубица Стерјева, директорка на ООУ "Тодор Ангелески"-Битола