АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат во Битола со еколошко средство, кое го топи снегот додека паѓа, е испрскан Широк Сокак. Екипите на ЈП „Нискоградба“ активностите ги започнаа рано утрово, а овој начин се покажува како ефикасен во овие први часови од снежните врнежи. Од ЈП „Нискоградба“ велат дека нанесување на ова средство во услови на снег ќе се применува во иднина на главната битолска улица, која е најфреквентна пешачка зона.
-Во раните утрински часови екипи на КЈП Нискоградба во соработка со општина Битола изврши нанесување на еколошко средство против мрзнење и наталожување на снег долж Широк Сокак нешто што ќе стане пракса и во иднина како замена за сол и ризла на најубавата улица во градот и околу сите витални институции во градот, соопштија од Нискоградба.
Директорот на ЈП Нискоградба, Методи Силјановски за апла.мк вели дека засега е задоволен од ефикасноста на ова средство, што го покажуваат и неколку фотографии направени претпладнево
-Намената е да го топи снегот што паѓа, а се нанесува пред да врне, но и после врнежите, а исто така се нанесува и на мраз. Во овие први часови од почетокот на врнежите утрово, задовлни сме од ефектот, ќе видиме како ќе биде понатмау, доколку врнежите се пообилни, рече Силјановаки.
Исто така, од ЈП Нискоградба информираат дека механизација е на улиците низ целиот град каде се врши нанесување на сол и ризла како превенција за најавените обилни врнежи од снег.