КЈП НИСКОГРАДБА - Битола во изминативе 36 часа непрекинато работеше за расчистување на врнежите од снег низ битолските улици при што се потрошени 50 тони сол и 55 метри кубни ризла.
Посветено и одговорно ќе ја следиме состојбата со ниските температури и соодветно ќе реагираме со цел нашите сограѓани да можат непречено да ги извршуваат своите обврски и потреби!
Продолжуваме со активности на зимската служба и во руралните средини на општина Битола.