2win800x200

Оштетени голем дел од автобуските стојалишта во Битола

Февруари 18, 2021

 

Во Битола никако да запре вандалското однесување кон јавните добра, наменети за користење од страна на сите граѓани. Во само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските стојалишта. Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола.

Од Општина велат дека граѓаните во повеќе наврати ја поздравија акцијата за уредување на стојалиштата од страна на општината, бидејќи особено при дожд и ветер имаа каде да се засолнат, чекајќи ги автобусите. Општина Битола повторно упатува апел да не се уништуваат јавните добра и сите случаи на забележани вандализми, да бидат соодветно пријавувани.АВТОБУСКА 2

АВТОБУСКА 5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани