2win800x200

И утрово Битола најстуден град со измерени -14 степени

Февруари 19, 2021
Битола и денеска е најстуден град во земјава, иако минималната  температура е нешто повисока отколку претходните денови. Утрово во Битола се измерени -14 степени, што е двојно пониска температура од вториот најстуден град Берово со -7 степени. Еве ги и останатите измерени температури низ Македонија
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-14 Битола, -7 Берово, -6 Скопје-Петровец, -5 Прилеп, Маврово, -4 Кр.Паланка, Тетово, Струмица, Д.Капија, -3 Скопје-З.Рид, Охрид, Претор, Штип, Куманово, Дебар, -2 Крушево, Попова Шапка, -1 Гевгелија, Пожаране, Тополчани, 1 Виница, Ѓуриште, 2 Дојран.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен југоисточен ветер.
 
Максималната температура во Битола ќе достигне 4 степени над нулата
 
Во следните денови досѓа период на стабилно, сончево време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка. Во сабота во текот на ноќта во источниот дел од земјата ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд, на планините од снег.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани