2win800x200

Вандали го уништија новиот симбол на Битола

Февруари 25, 2021

 Ноќеска вандалски е уништен симболот со буквите БИТОЛА, во паркот кај Градскиот часовник.

FB IMG 1614242805405
 
Ова обележје за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, вандалски е уништен.
 
FB IMG 1614242785028
Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција. 
 
FB IMG 1614242781238
 
-Во моментов се врши увид на терен , по што ќе се преземат соодветни мерки за санација. Пред само неколку денови, Општина Битола испрати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП Паркинзи. Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат. Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани, наведуваат од Општина Битола

FB IMG 1614242391772

За вандализмот  градоначалничката Наташа Петровска напиша 
 

"Сосила можиш да земеш, не можиш да дадеш!"

 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани