Кромберг и Шуберт бара локација за нова фабрика во државата, објави премиерот Зоран Заев кој на денешната седница за пратенички прашања, најави нови инвестиции и отворање нови работни места во државата.
-Кромберт и Шуберт доби цела нова линија на „Мерцедес“, којашто ќе значи ангажман на 1.600 работници и бараат локација за нова фабрика во државава;
Со 9 други компании во моментов преговараме за да инвестираат.
Дополнително, со развојната компонента на петтиот пакет економски мерки, се јакнат приходите на фирмите, се зголемува извозот, се отвораат погони и нови работни места, се зголемува иновативноста на компаниите и компетитивноста на нашите прозводи во светот, рече премиерот Заев.