2win800x200

Вандализам-Со црна боја потурен споменикот на италијанските војници во Градскиот парк во Битола

Март 30, 2021

 

На две годишнината од поставувањето на споменикот на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт во Градскиот парк во Битола , утрово битолчани реагираат дека тој повторно е сквернавен. Потурен е со црна боја на споменичната плоча со што целосно се покрива натписот. Вандализмот врз овој споменик трае од кога е поставен и во неколку наврати е кршен и менуван. Само минатата година неколку пати беше искршена и исчкртана споменичната плоча. Искршена, а потоа и украдена фигурата во жолто-златна боја, а неколку пати и исчкртан со црн спреј.

Споменикот беше инаугуриран  на 29 март 2019 година кога на свеченост во Битола им се даде почит на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Италија во нашата  држава  Карло Ромео.

167228163 218796703356985 2948771571727764917 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани