АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој е осуден на осум години затвор за криминалот со бесплатниот превоз цела година преседе дома.
На 31 март лани, Основниот кривичен суд во Скопје со судијката Добрила Кацарска ја изрече првостепената пресуда за случајот „Транспортер“ кој го покрена СЈО против поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица.
Предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.
И останатите 20 обвинети со пресуда се прогласени за виновни. Меѓу нив се раководител на сектор во Оштина Битола во времето на мандатот на Талевски, поранешни директори на училишта и управители на фирми. Дел од нив добија затворски казни, дел условни.
Но и по една година се чека одлука на скопска Апелација, дали ќе ги потврди изречените казни или пак предметото ќе го врати на повторно разгледување. Дотогаш Талески преседе во домашен притвор.
Талески во домашен притвор отиде уште во 2016 година кога СЈО го покрена предметот Транспортер