АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Старите дотраени излози на 16 дуќани во Старата битолска чаршија ќе бидат заменети со нови, но, автентични на амбиентот, изработени од масивно дабово дрво. ќњ б идат променти вкупно 38 излози, кои целосно ќе се вклопат во архитектруата на чаршијата. Проектот за конзервација и реставрација на излози во Стара Битолска чаршија. е во вредност од 3.800.000 денари, субвенциониран од Министерството за економија, согласно програмата за туризам за 2018 година.
„38 излози на објекти од големо културно историско значење во Старата битолска чаршија, конечно го добиваат изгледот кој го заслужува нивната историска вредност, во функција на создавање услови и нови можности за понатамошен развој и напредок од културен, туристички и економски аспект. Општина Битола во изминатиот период ги заврши сите потребни процедури за успешна реализација на проектот и промена на излозите на 16 значајни објекти кои се во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“, информираат од Општина Битола
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ги посети објектите во кои што веќе е завршена замената на дограмата, како и објектите каде што се во тек изведбените активности.
„Битолската чаршија е прекрасна, но навистина имавме мака со дограмата, дуваше од сите страни, особено во зима, кога во Битола темепратурите се многу ниски и со ништо не можевме да го затоплиме дуќанот. Сега, со новата дограма, разликата е веќе видлива и ја чувствуваме промената“, велат сопствениците на објектите сместени покрај реката Драгор во Старата битолска чаршија, на средбата со градоначалничката Наташа Петровска.
Во моментов се работи на промена на излозите на објектот Стара аптека. Досега се поставени 15 нови излози од предвидените 38, а активностите продолжуваат следните денови до комплетна реализација на проектот.