2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За три месеци СВР Битола поднела 4628 налози за неносење маски и извршила 5227 контроли врз деловни субјекти за почитување на мерките против ширење пандемија

Мај 07, 2021

Во првото тромесечие од 2021 година  СВР Битола издала вкупно  4628 налози за непочитување  на мерката носење лична заштита, односно маска, по член 28, став 6 од Законот за  заштита на населението од заразни болести . Исто така во првото тромесечие од  2021 година биле извршени 4062 самостојни контроли и констатирана била една нерегуларност  и 1165 контроли во содејство со Државниот пазарен  инспекторат на угостителски и други деловни објекти и констатирани биле 4 нерегуларности. 

За наведениот период вкупниот број на  извршени кривични дела  бележи намалување за 3,7 проценти. Вкупниот број на поднесители на кривични пријави бележи зголемување за 5,2 проценти, бројот на откриени сторителие е зголемен за 10,9 проценти, а ефикасноста бележи исто така зголемување за 20 проценти. 

Најголем број од кривичните дела  се од областа на класичниот криминал 599, економски 52,  и недозволена трговија 27. 

Од областа на нарушување на јавниот ред и мир констатирани се 145 прекршоци и поднесени 149 барања за поведување на прекршочна постпка. 

Во намалување е бројот на сообраќајни незгоди  за 8,5 проценти  во споредба со истиот период  од претходната година. Мерките преземени од страна на сообраќајната полиција  се во зголемување, констатирани се 6136  прекрошци, а поднесени се 2488 барања за поведување  на прекршичкна постапка  од областа на сообраќајот. 

  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани