2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Архивскиот материјал од Радио Битола пренесен во Архивот во Битола

Мај 07, 2021
Согласно програмата за мапирање на објекти и поранешни институции во Битола и во Општините каде што има надлежност Државниот Архив - Одделение Битола денес изврши преземање на архивски материјал од непроценливо значење кој се наоѓаше во гаражите во кругот на поранешното седиште на Радио Битола. Ова на својата фб страница во соопшти Архивот од Битола. Ова беше второ преземање на архивски материјал од Радио Битола во период од неколку години, а материјалот е од огромно значење за историскиот развој на градот. Материјалот е претежно во пишувана форма и меѓу другото ги содржи емисиите кои биле емитувани од самите почетоци на радиото во 1950 година се до неговото постоење. Материјалот е во несредена состојба и истиот ќе биде внесен во програма за средување и обработка со цел што поскоро да стане достапен за истражувачите. Емисиите како што се „Хроники“ од Пелагонија, „Во светот на бајките“, „Спортските вести“, „Поздрави и честитки“ и слично, како и останат архивски материјал од денес се во својот нов дом, Битолскиот Архив. Радио Битола е најстрото македонско радио од регионален карактер формирано на 27 март 1950 година, а во него работеле истакнати новинари како што се Менде Петковски, Ацо Станковиќ, Петар Ставрев, Димче Миновски и многу други, а свој ангажман своевремено имале и Виолета Томовска и Ајри Демировски. Од Државниот архив во Битола изразија блгодарност и до Општина Битола за соработката, а најавија и дека ќе останат и понатаму посвететно да се грижат за историското наследство.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани