2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЈКП „Водовод" Битола доби мултифункционална цистерна, преку европски проект за погранична соработка со Грција

Мај 07, 2021

 

Во рамките на проектот за погранична соработка со Република Грција денес е предадена донација од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. ЈКП "Водовод" Битола доби мултифункционална цистерна.
Употреба на цистерната е наменета за учество во кризен менаџмент, но има повеќе намени, па со неа може да се дистрибуира вода во кризни подрачја, миење улици и гаснење на пожари. 
 
Во стопанскиот двор на ЈКП „Водовод“ Битола, денес беше промовирана новата  цистерна за обезбедување на технички исправна вода за пиење при случаи на непогоди за граѓаните на општините кои гравитираат на овој дел од регионот Битола, Могила, Новаци. Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на ЈП Водовод Битола Горан Козаров, директорот на Центарот за развој на Пелагониски плански регион Гого Видимче и грчкиот конзул во Битола Ахилеас Ракинас, присуствуваа на промоцијата на возилото.

 

„Како претседател на Пелагонискиот плански регион, навистина ми е задоволство што го промовираме возилото кое што е од исклучителна важност, посебно затоа што е возило кое овозможува технички исправна вода за пиење во кризни ситуации. Кога на ниво на Пелагониски регион дискутиравме со градоначалниците, апсолутно не постоеше дилема дека вакво нешто треба да поддржиме, бидејќи во мирни околности треба да бидеме подготвени за кризни ситуации, за кои би сакала воопшто да немаме потреба да го користиме. Меѓутоа, ова мултифункционално возило нуди и други погодности, кои со успешно менаџирање ни даваат шанса максимално да се експлоатира. Ова е уште еден пример за успешна соработка со Република Грција и она што значат прекуграничните проекти за жителите на двете страни на границата и што значат европските перспективи кои што локалните и централните политики ги овозможиле“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

„Би сакал да потенцирам дека ова е важно за битолчани и понатаму преку прекуграничните соработки поддржани од ЕУ, партнерски со Грција но и со останатите соседи ќе го подобруваме квалитетот на животот на граѓаните низ целата држава“, посочи Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Директорот на ЈКП Водовод истакна дека ова возило е премногу скапо да се купи со сопствени средства, бидејќи нема секојдневна применливост во работата, но има исклучителна примена во кризни ситуации.

„Возилото, покрај вода за пиење во кризни подрачја е надоградено со противпожарен топ, со прскалки кои ќе користат за миење на улиците после одреден дефект, а ќе биде наменето за цел регион“, рече Горан Козаров.

 Главна цел на овој проект е заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечкиот фактор. Набавката на цистерната е една од примарните активности  во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа“, истакна Гого Видимче, директор на ЦРППР.

 

Инвестицијата е во износ од 73.900 евра во кои Министерството за локална самоуправа учествува со 15% или 11.085 евра.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани