АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
При крај е реконструкцијата на делот од градскиот пазар во Битола каде се продавше јужно овошје, цвеќиња, бижутерија, играчки и други производи. На местото на старите тезги, прекриени со најлони во услови на дожд, ќе се постават нови модерни павилјони со што се подобруваат условите за работа и продажба на производите.
„Во комуникација со изведувачот се надеваме на почетокот на јуни да бидат пуштени новите павилјони. Пазарот ќе стани една целина, комплетно ќе биде осветлен, со спроведени одвод и водовод, модерени тезги, такви мислам дека нема низ другите пазари во Македонија, ќе изгледаат како дуќани, а по работното време се спуштаат само ролетни. Тука се продаваше јужно овошје, нема веќа да бидат на улица туку сите продавачи ќе бидат во пазарот“, рече Владе Атанасовски, директор на „Пазари“.
Реконструкцијата чини 14 милиони денари, половина од средствата се од Општина Битола, а другата половина од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.
„ Едно од ветувањата во мојата изборна програма како градоначалник беше реконструкција на овој дел од пазарот покрај управната зграда бидејќи сите знаемне во каква состојба беше. Недоличните најлони за еден град како што е Битола се отстранети. Денес овој дел од пазраот изгледа сосема поинаку“, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Ова е пример како треба да се подобруваат условите во пазарите каде се продаваат прерхрамбени производи, рече Никола Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство
„Во изминатиот период во земјава имавме навистина засилени контроли бидејќи количината на уништен небезбеден производ само во првиот квартал изнесуваше 67 тони, од нив 44 тони веќе ги уништиле самите оператори по налог на нашите инспекциски служби, а 23 тони уништени директно по нас. Тоа се производи кои не ги задоволуваат потребните услови да бидат прогласени за безбедни според праволниците“, рече Бабовски.