2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Почна ревакцинацијата во Битола, продолжува и вакцинацијата на населението

Мај 17, 2021

 

Во регионалниот вакцинален центар во Битола почна ревакцинација на лицата кои претходно се вакцинираа со вакцината Фајзер.

Организирано и со меѓусебна соработка на здравствените власти и логистика од претставници на армијата и Црвен крст, граѓаните непречено се ревакцинираат, а паралелно се одвива и процесот на имунизација со вакцината Синофарм, која досега во пунктот во Битола ја добиле 9.589 лица.

Регионалниот вакцинален центар во Битола е сместен во спортската сала на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи", каде освен солидни услови за вакцинација има и паркинг за возила, клупи за одмор и други погодности.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани