АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Евидентиран е уште еден пациент заболен од индискиот сој на коронавирус, потврди министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Битола. Случајот не е битолски. Филипче рече епидемиолошките анкети покажале дека нема поголем ризик и потреба од дополнителни мерки. Со овој случај во Македонија досега се регистрирани само двајца граѓани кои се заразиле со индиската мутација. Првиот заболен беше откриен во јуни, а претходно престојувал во Ирак.
„Има уште еден ист таков случај кој се лекуваше во една од приватните болници. Пред два дена имавме состанок во рамките на Берлинскиот процес со германскиот министер за здравство и сите министри од регионот од Западен Балкан. Стравување од индискиот сој или некоја нова форма на мутација која може да виде позаразна од сегашните актуелни постои насекаде. Но, битно е дека сите вакцини штитат од тешка форма на блеста или од смртен исход дури и од таква мутрирана форма на вирусот. Досега епидемиолошките анкети кои се направени покажаа дека некаков ризик, а со тоа и дополнителни мерки не треба да се прават“, рече министерот Филипче денес во Битола.
Ианку, процесот на вакцинација е нешто успорен поради малата количина на вакцини која доаѓа секој понеделник. Но, Филипче рече дека 100 000 вакцини од „Фајзер“ преку Ковакс ситемот ќе стигнат на 28 јуни, истиот ден или ден претходно половина од кинеските вакцини „Синовак“ и останатата половина до 500 000 дози на 30 јуни. Откако ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани, некаде кој јули се очекува да се дозволи вакцинација на сите заинтересирани на лице место.
„На крајот на следната недела се очекуваат овие големи количини да пристигнат, за неделата потоа значајно да се забрза процесот на вакцинација, Во период од две недели сите пријавени граѓани кои чекаат термин, а тоа се блиузу 180 000 ќе добијат термин и се вакцинираат. За после тоа да ги отвориме пунктовите за сите кои ќе покажат волја да се вакцинираат на лице место“, рече Филипче.
За оние граѓани кои се пријавиле уште од почетокот на стартот на интернет страницата за имунизација, не добиле термин, а се во повозрасни години да се пријават преку матичните лекари.
„Има такви случаи во повеќе градови не само тука и нема друго објаснување освен дека е технички пропуст во податоците. Тие граѓани кои се во возрасната категорија каде сакаме да ставиме акцент, нека аплицираат повторно преку матичните лекари“, рече министерот за здравство.