
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Венко Филипче ја наполни салата во седиштето на СДСМ Битола. Една недела по назначувањето на Зоран Стојчевски за претседател на ОО на СДСМ Битола Филипче дојде со цела свита да испрати порака во Битола дека стои зад Стојчевски, велат присутни на средбата.
Стојчевски добил поддршка и од поранешни пратеници кои на Филипче му рекле да го поддржи Стојчевски самостојно да го избере новото раководство во Битола. На средба присуствуваа сите противкандидати на Стојчевски за избор на локален лидер - Анета Сердарова, Јане Велкоски, Ѓорѓи Ѓоргиевски, Борче Корлевски и Тома Бакулевски. Сепак присутни велат дека на средбата не присуствувал поранешниот претседател Методија Куновски.
.
.
Филипче објави - Додека Мицкоски продава приказни за „економски успеси“, македонските работници имаат најниски плати во Европа, инфлацијата достигна 5,7%, цените секојдневно растат, сиромаштијата се продлабочува, странските инвестиции се паднати за 60%, економијата оди надолу. Луѓето се оставени сами, без никаква поддршка од власта, со празни џебови и празни фрижидери.


