2win800x200

Соопштение од ЕСМ Молика за работата на кујната во РЕК Битола

Мај 08, 2026

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ од ЕСМ МОЛИКА 

Транспарентноста и одговорноста се основните столбови на нашето работење. ЕСМ Молика ДООЕЛ  ја информира јавноста дека по извршените детални инспекциски надзори, надлежните институции официјално потврдија дека бактеријата Salmonella не е откриена ниту во примероците од храна, ниту во анализите од работните површини во кујните на ТЕ и Рудници. Појавата Salmonella група D кај 24 вработени во ПЕ „Рудници“ не е поврзана со примарната подготовка на храната во централната менза на РЕК Битола.
Со цекција на сите површини, машини и алати за подготовка на храна, исполнети највисоките законски и ажурирани хигиенски стандарди. 
Кујната стартува со подготовка на храна од понеделник 11.05.2026 година. FB IMG 1778277008706
 
Со цел да се утврдат причините за здравствените тегоби кои се појавија кај дел од работниците,  ЕСМ Молика преку управителот Горан Исков ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител.  Целта на оваа правна постапка е надлежните органи да ги преземат сите истражни мерки за да се расчисти секој сомнеж и да се заштити интегритетот на процесот на исхрана.
По официјалната потврда за исправноста, преземените дополнителни заштитни дејствија согласно препораките темелното чистење и дезинфекција.
 
Пред повторното пуштање во употреба, објектот беше лично посетен од директорот на РЕК Битола, Иван Куковски и управителот на ЕСМ Молика, Горан Исков со цел лично да се уверат дека се обезбедени беспрекорни услови за подготовка на квалитетен оброк за вработените. 
Како превентивна мерка по овој немил настан, се воведува промена во начинот на послужување: топлиот оброк ќе се послужува исклучиво за вработените во кругот на Термоелектраната, додека вработените во Рудниците ќе добиваат сув оброк сè додека не се обезбедат соодветни логистички услови кои гарантираат највисоки стандарди за безбедно послужување топла храна во трпезаријата на ПЕ Рудници. FB IMG 1778277022674
ЕСМ Молика изразува најискрено жалење за настанатиот случај. По речиси две децении, АД ЕСМ и ЕСМ Молика вложија огромни напори за да им овозможат на работниците право на топол и квалитетен оброк, и тој процес ќе продолжи со уште поголема посветеност на хигиената. Истовремено, апелираме до вработените оброкот да се конзумира непосредно по преземањето, со цел да се избегнат сите ризици од негово одложено конзумирање во несоодветни услови.
Со почит,
ЕСМ Молика ДООЕЛ
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани