2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

КУД „Илинден“ учествуваше во најдолгото оро во светот

Јули 05, 2021

 

 
 Културно уметничкото друштво ,,Илинден" од Битола вчера како учесник на Фолклоријадата во Уфа, Русија, беше дел од најдолгото оро заиграно досега низ светот. На орото имаше 2700 учесници од 37 држави и припадници на 71 различна националност. Со овие бројки на учесници беа срушени два гинисови рекорди одеднаш. Едниот рекорд е по број на националности кои играа  на орото, а другиот по број на земји. Оваа бројка од 37 земји кои активно учествуваа, се искачи на 57 зашто се приклучија и туристи од  други држави кои го следеа  фестивалот. 
 
КУД ,,Илинден" учествуваше и на дефилето, а вчера вечер се претстави и со своја програма на шестата светска Фолклоријада во Русија. Големиот фолклорен фестивал се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкоростан. Единствен претставник  од Македонија е фолклорниот ансамбл од Битола. КУД,,Илинден" е чувар на македонската фолклорна традиција седум децении и учествувал на бројни фолклорни фестивали низ светот. 
ФОЛКЛОРИЈАДА2
 
 ФОЛКО
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани