2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Вакцинацијата и на лицата кои не се закажани ќе се одвива во спортската сала на Медицинското училиште во Битола

Јули 11, 2021

Во Битола вакцинацијата на населението од утре продолжува слободно без претходно најавување во системот, соопшти директорката на Здравствениот дом Весна Спиркоска.

„Вакцинирањето,како и ревакцинирањето (втора доза)ке се одвива и понатаму (до 31.7.2021) во пунктот за масовна имунизација во Медицинското училиште 'Јован Калаузи',поради големиот број на населени места кои ги покрива Општина Битола. Работното време за слободна имунизација во пунктот ке биде од 8-14часот“, соопшти Спиркоска. 

Од утре започнува и теренската вакцинација на населението, во кој медицински тимови по веќе утврден редослед ќе посетст  стотина битолски села каде ќе се имунизира населението. Утре ќе се врши вакцинација во селата Породин, Кишава, Велушина, Лажец, Острец, Граешница и Драгош.  а следниот ден се опфатени потпелистерските села од страната на Ротино и оние во близина на акумулацијата Стрежево како Лера, Рамна , Српци и други.
 
До петокот на пунктот во Битола беа аплицирани 50 000 дози на вакцини. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани