АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На првиот ден од слободната вакцинација без закажување, битолчани покажаа голем интерес, па на пунктот за масовна имунизација во спортската сала во Медицинското училиште се вакцинираа 756 граѓани, од кои 425 со прва доза на вакцина против КОВИД-19, а останатите се закажани граѓани за ревакцина. Пунктот е отврен од 8 до 14 часот, и сите граѓани кои досега не се вакцинирале можат да дојдат со документ за идентификација- лична карта или здравсвена легитимација.
Исто така, денеска стартуваше и теренската имунизација на населението во битолските села. Екипите од Здравствениот дом во Битола, имунизацијата ја спроведуваат во селата Кравари, Оптичари, Меџитлија, Егри и Жабени, а во овие 5 села во текот на денешниот ден се вакцинирале 160 граѓани. Од Здравствениот дом во Битола информираат дека интересот е голем, а екипите во текот на денот ќе ги поминат и селата Гермијан и Кременица.
Од Министерството за здравство информираат дека од денеска до четврток ќе биде отворен сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата. Секој родител или старател кој сака да се вакцинира неговото дете ќе треба да го пријави на веб страницата, по што ќе добие термин за вакцинација. Вакцинирањето на деца ќе започне в петок.
-Во системот Мој Термин веќе се регистрираат малолетни лица (деца од 12-16 години) кои сакаат да се вакцинираат. Родителите или старателите доколку наидат на потешкотии при пријавување на своето дете, да го проверат статусот на евидентирање на децата, односно дали истите се осигуреници во базата на ФЗО на РСМ. Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, исто така ќе може да се вакцинираат, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинација на деца, информираше министерот Венко Филипче