Webp.net gifmaker

Вариола вера-вирусот кој пред половина век човекот го победи со масовна вакцинација

Јули 12, 2021
Потврда за имунизација од големи сипаници на битолчанец вакциниран во 1972 година Потврда за имунизација од големи сипаници на битолчанец вакциниран во 1972 година

Епидемијата на големи сипаници (variola vera) што ја зафати Југославија пред половина век беше последната епдемија на овие простори пред појавата на коронавирусот. За време на епидемијата која траела во текот на март, април и мај 1972 година се разболеле 184 лица, а починале 40. Меѓу заболените имало шест здравствени работници, тројца лекари и три медицински сестри, од кои две починале.

По потврдувањето на болеста, на 17 март започнала вакцинација на здравствените работници и населението во загрозените области, а масовната вакцинација подоцна се проширила на цела Југославија при што за само неколку недели биле вакцинирани 18 милиони луѓе. од вкупно 22 милиони жители. 

Inkedpotvrda vakcinacija LI

Ова е сочувана потврда за успешна вакцинација на еден битолчанец, сличен документ како што денес добиваат граѓаните кои се вакцинираат против КОВИД-19. Иако и тогаш имунизацијата била доброволна, сепак мал процент одбил   да се вакцинира. 

За време на борбата против големите сипаници, епидемиолошките служби и здравствените работници покажале голем напор и жртва, спречувајќи епидемија од големи размери, поради што на 21 април добиле признание од Светската здравствена организација која одала почит на југословенските лекари и објавиела дека епидемијата е при крај

Епидемијата траела до 23 мај, а карантините постепено биле укинати од 12 до 19 мај.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани