АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Високата откупна цена на железото го остави Техничкото Училиште во Битола без делови од оградата од училишниот двор. Како резултат на тоа што недостига оградата во делот кон Новиот градски пазар сѐ позачестена е појавата низ тој дел да минуваат моторни возила што претставува загрозување на безбедноста на сите пешаци кои поминуваат низ дворот на училиштето.
-Недостигаат делови од металната ограда на училишниот двор. Проблемот што со години го имаме со граѓаните кои го користат дворот на училиштето за пократок пат до Новиот пазар сега е уште поизразен. Паркингот ни е узурпиран, контејнерите преполни со отпад од домаќинствата од околните згради, дворот претворен во пешачка патека, а сега стана и сообраќајница. Во комуникација сум со директорите на јавните претпријатија „Комуналец“ и „Нискоградба“ и деновиве ќе се изнајди решение за да се ограничи пристапот на моторни возила. Правиме сѐ да го реконструираме училиштето со цел да биди убав и современ објект за работа и образование на учениците, но очигледно е дека на промена на нашата свест за одговорно однесување ќе треба да чекаме уште долго, вели директорот на Средното Техничко училиште во Битола, Владимир Роме.
в