2win800x200

70 малолетници денес се вакцинираат во Битола

Јули 19, 2021

Марио Вељанов денес беше меѓу првите малолетни битолчани кои се вакцинираа со „Фајзер“ на вакциналниот пункт во Битола.

„Олдучив да се вакцинирам зашто само вака можеме да ставиме крај на пандемијата со ковид-19 и апелирам до сите млади да се вакцинираат бидејќи ова е единствен начин како можеме да ја решиме оваа ситуација“, рече Вељанов.MARIO VVELJANOV

Битола, по Скопје е град со најголем број на пријавени малолетни лица за имунизација, вкупно 123. Денес термини добија 70 лица на возраст од 16 и 17 години, а следните денови возрасната граница ќе се спушта надолу до 12 годишна возраст. Овие лица се вакцинираат исклучиво со вакцината на „Фајзер“. На пунктовите децата се појавуваат со родителите, носат дополнителна согласност потпишана од нив и документи за идентификација од лицата што ќе се вакцинира и од родителот.

Иако бројот на пријавени малолетни е поголем од другите општини, сепак ова е бројка колку четири одделенија од една иста генерација во едно училиште. Се очекува за малолетните и натаму да има термини за имунизација.

На вакциналниот пункт во спортската сала на Медицинското училиште уште од утрово имаше голем број граѓани кои чекаа да добијат вакцина. Војската создаваше ред и ги читаше лицата кои имаа термини за ревакцинација и малолетни лица.

Инаку, според информации на здравствените лица Битола е прв град од внатрешноста по број на вакцинирани лица против коронавирусот.

„До сега се аплицирани во Битола над 50 000 дози, Битола котира високоместо број еден општина со вакциниорани граѓани од внатрешноста. Има интерес , цело време доаѓаат лица за вакцинација. Дел со закажани термини за ревакцина и други за прва доза без термини. Дневно се вакцинираат околу 180 и 200 жители од руралните средини на терен , а дополнитело е и имунизацијата во спортската сала“, рече доктор Олгица Јакимивска, одговорно лице на смена во вакциналниот пункт Битола.

Само во првата недела од теренската вакцинација низ руралните население места, односно од 12 до 17 јули, во Битолско се вакцинираа скоро 1000 жители, поточно 945 лица. Во истиот овој период на вакциналниот пункт во спортската сала на Медицинското училиште во Битола, каде се изведува масовната вакцинација се аплицирале 4258 дози вакцини против коронавирусот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани